Едноставен трик кој би можел да ви донесе многу лајкови и споделувања
Платформите како што е Инстаграм скоро секој месец го менуваат алгоритамот по кој функционираат.
Поради тоа е многу тешко да се пронајде најдобриот систем за нивно користење и добивање на најголем број лајкови и прегледи на објавите.
И додека некои трикови и совети се тука да ти помогнат како да изгледаш поубаво на фотографиите, постојат трикови кои се многу поконкретни.
А еден таков сподели и Мариана Авила, која е уметник по професија.
Таа откри дека Инстаграм ги фаворизира објавите на кои се корестени неговите филтри.
Многу корисници на Инстаграм објавуваат веќе средени фотографии и поради тоа не додаваат дополнителни филтри, но Авила има најдено решение за овој проблем.
Таа предлага користење на Инстаграм филтрите во многу мал процент. Судејќи по неа, доволни се само од 2 до 5%.
По нејзините објави, веднаш мислењата се поделија.
Некои сметаат дека тоа е пресмешно, додека други кои го испробале овој трик велат дека делува 100%.
Уште еден совет кој би требало да го испробате е објавувањето на фотографиите 15 минути пред да дојде моментот кога публиката е најактивна.
Сепак, сето ова би можело повторно да се промени со новото менување на алгоритамот, затоа гледајте што е можно побрзо да ги пробате овие трикови.