Едукативна кампања за млади: Хепарко - стрип за важноста на црниот дроб
Хепар центарот од Битола е на листата на топ инфлуенсери во рамките на кампањата : „Октомври месец за подигнување на свесноста против карциномот на црниот дроб“, на која учестувуваа 1.312 учесници меѓу кои највлијателните институции и личности во Европа и светот.
Секоја година во месец октомври и ноември , овој центар спроведува голем број едукативни настани, па така освен оние акции во октомври, следуваат и настаните во рамките на Европската недела за подигнување на свесноста поврзана за штетата со алкохолот „Алкохол и рак на црниот дроб “ и Европската недела за тестирање на Хепатитис и ХИВ, овој месец.
Една од кампањите е и онаа од едукативен карактер за најмладите која привлече најголемо внимание, приказната за стрип јунакот Хепарко.
За тоа кој е Хепарко и од каде се роди идејата за овој јунак, поразговаравме со претседателот на Хепар центарот од Битола-Милан Мишковиќ.
„Ракот на црниот дроб е 4 - та водечка причина за смртни случаи поврзани со карцином ширум светот или 2 - ра кај мажите и 6 - та кај жените најчеста причина за смрт од рак, односно претставува прва причина за смрт кај пациенти со цироза на црниот дроб.
Сметаме дека едукативните кампањи треба да се воведат за сите генерации па од таму се роди идејата за Хепарко, приказната е развиена со помош на европски и светски експерти во оваа област, како и со помош на локалниот аниматор и илустратор Ѓорги Атанасовски.
Поради горенаведените факти Хепар Центар Битола им нуди на најмладите во нашата земја едукативни материјали за градење на здрав начин на живот и запознавање со ризик факторите кои што предизвикуваат рак на црниот дроб. Преку една анимирана приказна се прикажува како позитивно и негативно можеме да делуваме на нашиот црн дроб.“ – ни посочи Милан, а потоа додаде:
„Бројот на пациенти со рак на црн дроб и ХЦЦ е со тенденција на рапидно зголемување, поради горе наведните факти. Здравствените системи во Европа и светот разработуваат разни видови на стратегии за јавно здравје со цел да се спречи и контролира овој тренд на зголемување, кој веројатно ќе стане главен глобален здравствен проблем во децениите што следат.
Повеќето од карциномите на црниот дроб се хепатоцелуларни карциноми, сепак кај некои пациенти се развиваат интрахепатични холангиокарциноми или ретки тумори кај нециртотичен црн дроб. Хроничните заболувања на црниот дроб, зголеменото конзумирање на алкохол, дебелината, дијабетесот, НАФЛД (заболување на замастен црн дроб од неалкохолна етиологија е медицинска состојба при која се јавува прекумерно натрупување на масти во црниот дроб) и доколку овие состојби не се лекуваат може да доведат до сериозни проблеми со црниот дроб и да настане Неалкохолен стеатохепатит (NASH) NASH се јавува кога тие прекумерни масти предизвикуваат воспаление (оток на црниот дроб) и фиброза (лузни) на црниот дроб. Во голем број изразени случаи, ако не се третира може да доведе до цироза или рак на црниот дроб. Се претпоставува дека повеќе од 30% од населението во Европа посебно во развиените земји има НАФЛД и се смета за почеток на следната пандемија, потоа имаме изложеноста на афлатоксини, како и хроничната инфекција со Хепатитис Б и Ц се сметаат како едни од најголемите ризик фактори ако не се третираат и лекуваат.
Едукативниот стрип има за цел пред се да ги запознае најмладите како начинот на живот делува врз најголемиот орган во нашиот организам, кој врши повеќе од 500 функции, во една поучна комична сликовита приказна и на кој основен начин можеме превентивно да делуваме.“
#Како ќе се одвива кампањата понатаму?
Поради новонастанатата ситуација со Ковид 19 нашите кампањи се ограничени во делувањето лице во лице, скрининг и сл. па поради тоа Хепар Центар се одлучи на еден ваков илустриран анимиран начин да им се обрати на најмладите со кој индирекно ги опфаќаме сите генерации. „Хепарко“ го отсликува секојдневието на еден млад човек, а со тоа ги отсликува и фазите кои можат директно или индиректно да го оштетат црниот дроб. Нашиот „Хепарко“ тргна во обиколка на нашата земја од автобуската постојка наспроти Новиот пазар во Битола .
#Што содржат самите илустрации каде Хепарко е главниот лик?
Илустрациите се поделени во неколку фази и тоа:
-Превенција / скрининг /свесност / стратегии,
-Начин на живот-Животен стил / НАШ-Неалкохолен стеатохепатит /НАФЛД-заболување на замастен црн дроб од неалкохолна етиологија,
- Лек / хепатитис Ц /Хепатитот Ц е првата Хронична вирусна инфекција која е излечива во медицинската историја за која терапија моментално се преговара со министерството за здравство да биде дел од позитивната листа бидејќи во моментов ја имаме со ограничување за одреден број на пациенти на годишно ниво.
-Имунизации / антивирусни третмани/ хепатитис Б / хепатитот Б може да се превенира со имунизацја на населението но за веќе кој имаат хронична фаза за нив постојат антивирусни иновативни третмани кој исто така треа да бидат дел од позитивната листа во нашата земја најавија од министерството за здравство,
- Алкохол/едукација за штетноста од алкохолот.
# Која е целта на Хепарко?
Со овај анимиран лик сакаме да ја подигнеме свесноста против црнодробните заболувања, посебно за ракот на црниот дроб, Хепатитисот, НАФАЛД , НЕШ, животниот стил (конзумација на нездрава храна, алкохол, дрога...), каде во оваа време на Ковид 19, стресот, ограничувањата, стравот, предизвикуваат негативни психолошки ефекти врз населението кое предизвикува абнормални однесувања кои предизвикуваат огромни штети на црниот дроб поради начинот на однесување и живот.
Милан ни посочи и дека овoj анимиран стрип ќе биде прикажан и како илустрирана боенка која ќе им биде доделена на учениците од прво до трето одделение.
„Во наредниот период ќе има и продолжение на приказната за “Хепарко”, кое ќе биде поврзано со Европската недела за штетноста од алхохол како и Европската недела на тестирање за Хив и Хепатит која треба да се одржи во ноември.
Здравиот начин на живот со употреба на современата фитомедицина и промената на животните навики може да придонесат за значително намалување на стапката на заболувања на црниот дроб“ - вели Мишковиќ.
# Велат-подобро да се спречи, отколку да се лечи. Како да се заштитиме, кои мерки да се превземат како превенција за заштита на црниот дроб?
Ние како поединци не треба да чекаме да се развијат симптоми на одредени заболувања па отпосле да реагираме. Физичката активност, фитомедицината и здравиот начин на исхрана се одличен начин за превенција доколку дојде до здравствен проблем со црниот дроб.
Хепар Центар - Битола во овој дел доста соработува со голем број на експерти во овие области така да еден од нив е и д-р. Драган Јованов, Интеракт од Битола, како и со европски и светски доктори, со кои ја започнавме оваа кампања.
Најновите податоци покжуваат дека повеќе од 60 % од крциномите/раковите на црниот дроб можат да бидат превенирани, а тоа е добро илустрирано преку нашиот „Хепарко“.
Мишковиќ ја потенцираше соработката со општина Битола и се надева дека во наредниот период ќе добијат дозвола од страна на општината ликот на „Хепарко“ да биде поставен на мурал.
Неда Маретиќ