Едвај чекам да ја запознам Лилибет Дајана: Стрината Кејт Мидлтон е возбудена
Едвај чека да ја запознае внуката...
Кејт Мидлтон, војвотката од Кембриџ, денес изјави дека едвај чека да се сретне со ќерката на принцот Хари и Меган Маркл - Лилибет Дајана.
Медиумите едвај добија коментари од членовите на кралското семејство, со оглед на тензиите што постојат меѓу Хари и неговите роднини.
Кејт Мидлтон изјави дека на малата Лили ѝ посакува сè најдобро во животот и изрази желба да го види бебето наскоро.
„Сè уште не сме ја запознале. Се надевам дека тоа ќе се случи наскоро “.
Ова беше нејзино прво појавување по раѓањето на Лилибет Дајана, ќерката на принцот Хари и неговата сопруга Меган. Лилибет е родена на 4 јуни и го доби името по кралицата Елизабета и нејзината баба, покојната принцеза Дајана.
Лилибет е прекар на кралицата од нејзиното детство.
Принцот Хари објави дека кралицата е првата личност што ја поканил по раѓањето на неговата ќерка, како и дека таа дала согласност бебето да се вика Лилибет Дајана.
фото: Profimedia