Едвај ја држи топката во раце, но тоа само така изгледа: На 3 години е магионичар кога е кошарката во прашање

Едвај ја држи топката во раце, но тоа само така изгледа: На 3 години е магионичар кога е кошарката во прашање

Објавена во: Stars // YouTube видеа

Во Кина изгледа дека расте новиот Јао Минг, кој на само една година започнал да шутира кон кошот, од кој сега не се одвојува.

Ли Моденгџиан има само 3 години и е новиот Јао Минг. Ова момче со баскетот се движи како професионален кошаркар, а неговите вештини се навистина импресивни. Едноставно секој негов обид завршува во обрачот.

„Уште на нешто повеќе од една година стоеше на креветот и ја фрлаше топката во малиот кош. Сакаше да го прави тоа и беше релативно прецизен. Наскоро ќе тргне во градинка, но и ќе тренира во слободно време.“ - открива таткото на ова талентирано момче.

Малиот Ли не се одвојува од топките. Кога не е на терен, играта продолжува дома. 


Објавена во: Stars // YouTube видеа

Можеби ќе ве интересира: