Едвај поминала преку тоа: Хајли откри што ужасно ја нервира кај Џастин
Се помири со тоа, но навистина многу и пречело...
Џастин и Хајли Бибер се прилично отворени кога е во прашање нивниот однос. Не ги кријат деталите и отворено зборуваат за позитивните, но и негативните работи на својот брак. Сега Хајли откри кој ситница кај Џастин ужасно ја иритира. И мораме да признаеме дека ја разбираме.
Што најмногу те нервира кај твоето момче? Хајли на Џастин му пронајде една „маана“ која многу и одела на нерви. Во едно неодамнешно интервју раскажа дека најиритантната работа кај Џастин е тоа што има преубави трепки, подолги и поубави од нејзините. Ова е болна точка кај многу девојки. Сите сакаме да имаме поголеми природни трепки, но момците се оние кои секогаш имата поубави, иако воопшто не се грижат за нив.
„Мојот сопруг има многу подолги трепки од мене и многу ме нервира поради тоа. Моите се видливи, тука се, но не се супер долги. Но, во ред е. Го прифатив тоа. Можам да живеам со тоа.“ - раскажа Хајли во интервјуто. Се пофали и како успеала да го внесе Џастин во светот на негата на кожа. Бидејќи, како што вели таа, тој имал проблем со акните, а зошто и таа самата се борела со нив, му помогнала и него и му ги позајмила своите производи за нега на кожата. Секако успеала во тоа!
Може да ве интересира:
10 бањи, 7 спални соби, тениско игралиште: Новиот дом на Џастин и Хајли Бибер, вреден 25.8 милиони долари (ФОТО)