Ексклузивни фотки од Милан Станковиќ: Никој не го препозна во луксузниот комплекс во Белград
Станковиќ изгледаше малку збунето во бутиците по кои поминуваше, а во продавницата во која влезе само проба неколку црни капи
Милан Станковиќ деновиве го посети луксузниот трговски центар во Белград на вода. Пејачот, кој целосно се повлече од јавноста и поголемиот дел од времето го поминува по православните храмови, во трговскиот центар дојде нешто пред 21 часот, сосема сам.
Беше целосно опуштен и лежерно облечен - облечен во црн дуксер и сиви тренерки, а косата му беше врзана во опавче.
Фотографиите може да ги видите ТУКА
Бројни обожаватели на овој талентиран пејач посакуваат негово враќање на сцената, но истото очигледно е прилично неизвесно. Единствено со што се „врати“ на музичката сцена е одличната музика што ја создаде за баладата „Лудило“, која ја отпеа Јелена Карлеуша и се најде на нејзиниот албум „Омега“.