Екслузивни фотографии од подготовките за четвртиот круг: Како се подготвува нашиот Дамјан со Мили?
Секоја сабота сме сѐ поблиску до новиот победник во регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“. Изминатата, имавме можност да ја погледнеме последната емисија од третиот, а веќе оваа започнува четвртиот круг.
По тој повод, кандидатите веќе наголемо се подготвуваат за новите победи - во овој случај тоа се шесте гласа од жирито и директниот пласман во следниот круг. Еден од нив е нашиот Дамјан Димевски, кој оваа сезона се истакна со македонската изворна музика.
Негов ментор како што знаете е композиторот Александар Милиќ Мили, кој посветено работи со Дамјан и му помага за подобро да се претстави пред жирото и секако публиката. Оваа сезона, Дамјан го покажа најдоброто од себе, едноставно го откри својот скриен адут, а тоа е пеењето на народна музика, а секако за тоа најмногу заслужен е неговиот ментор, кој инсистира на тоа младиот пејач да ја покаже и таа своја страна.
Неодамна во интервју за Хаштаг, Димевски откри како е да се работи со Мили и дека е навистина посветен ментор:
„Работам со Мили и можам веднаш да кажам дека е строг ментор и дека работи професионално, па затоа и постигнуваме големи успеси на сцената.“
Дека тоа е така, докажуваат и фотографиите кои ги добивме, а кои се направени за време на пробите. Мили навистина се труди да го извлече најдоброто од Дамјан, а како тој ќе изгледа и звучи во четвртиот круг, останува да видиме во некоја од емисиите кои следуваат.
Р.Х.
фото: