Сакам да пеам исклучиво на македонски и да покажам дека Македонија има преубави песни: Интервју со Дамјан Димевски, момчето кое го освојува Балканот

Сакам да пеам исклучиво на македонски и да покажам дека Македонија има преубави песни: Интервју со Дамјан Димевски, момчето кое го освојува Балканот

Објавена во: Stars // Интервјуа

Поминаа неколку дена од неговиот последен настап во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“, а сите уште зборуваат за изведбата на песната „Јано мори“, со која 19-годишниот Дамјан Димевски се претстави во најновата емисија од шоуто. Ниту, стручното жири не остана имуно на неговиот настап и го награди со највисоки шест поени и директен пласман во следниот круг.


Дека има голема промена кај него од вокален аспект ќе сфатите доколку погледнете некое видео од неговото претставување на грандовата сцена од пред две години, кога како 16-годишник реши да се пријави во ова шоу. За Хаштаг, Дамјан ја открива тајната за неговата промена.

„Пред сè сакам да останам истиот човек каков што ме познаваат луѓето, а најголема промена се чувствува во мојот глас, што е знак на секојдневно вежбање.“

Пред две години ментор му беше Ѓорѓе Давид, член на жирото кој е познат по тоа што има голема наклонетост кон кандидатите кои доаѓаат од Македонија, а тоа го потврди и ова талентирано момче, кое откри и кој совет од него засекогаш ќе го применува.

„Ѓорѓе Давид е голем човек кој ги следи своите цели и покажува голема поддршка на нас Македонците. Секогаш ќе го применувам неговото: Остани и пеј го тоа во кое најмногу се пронаоѓаш.“

Оваа сезона, нашиот млад пејач „падна во рацете“ на продукцијата и за настапите се подготвува со Александар Милиќ Мили, за кој истакна дека е строг ментор.

„Работам со Мили и можам веднаш да кажам дека е строг ментор и дека работи професионално, па затоа и постигнуваме големи успеси на сцената.“

Иако е задоволен од соработката со Мили, сепак има еден член од жирото кај кој смета дека најдобро се учи.

„Да можев би го одбрал највозрасниот, т.е. Босанац, бидејќи најубаво се учи од постарите.“

Оваа сезона, Дамјан направи пресврт и во изборот на музика која ја изведува – се насочи кон македонската народна музика, која му донесе навистина многу голем успех и за која ни откри дека ја пее од својата седма година.

„Народната музика ја пеам уште од 7 години и таа ми е врежана во душата, а забавната музика ми е во процес на вежбање, бидејќи еден пејач не е пејач ако пее само еден жанр на музика.“

Дамјан откри и што подготвува за следните кругови и што може да очекуваме од него.

„Пред сè сакам да пеам исклучиво на македонски и да покажам дека Македонија има преубави песни. Јас сум задоволен досега, а тоа се гледа и по гласовите од жирито.“

Оваа млада музичка надеж внимава и на коментарите кои ги добива и случајните минувачи.

„Секои забелешки ги паметам и применувам без разлика дали се кажани од случаен минувач или не.“

И. Мисајловска


Објавена во: Stars // Интервјуа

Можеби ќе ве интересира: