Експертите откриваат: Дали преку слушалки може да се пренесе коронавирус?
Кога слушалките се во прашање, важно е да се истакне дека во никој случај не треба да ги делите вашите слушалки со други...
Чувајќи се од инфекцијата коронавирус, луѓето ширум светот секој ден се повеќе обрнуваат внимание на различните начини на кои вирусот може да се пренесе, за да избегнат да се заразат.
Коронавирусот кај луѓето предизвика зголемена загриженост, но свеста за потребата повеќе од било кога се обрнува внимание на хигиената е зголемена, како и тоа дека се обрнува многу повеќе внимание на дезинфекцијата.
Сето ова се однесува и на еден од гаџетите кои голем број од нас убедливо најмногу ги користиме, а тоа се секако - слушалките.
Како прво кога слушалките се во прашање, важно е да се истакне дека воопшто не треба да се делат слушалките со другите, особено не оние кои се ставаат во уши, бидејќи бактериите така директно може да се пренесат од едно уво во друго.
Истото се случува и доколку со прстите допираме туѓи слушалки, кои некој ги става во ушите.
Научното истражување, која е објавена во списанието Journal of Health and Aliied Sciences, покажа дека честата употреба на слушалките „значајно ја зголемува количината на бактериите во ушите“.
Дури иако слушалките не се позајмуваат, многу е важно редовно да ги чистите и валканите слушалки да ги ставате повторно во уши.
Затоа, доколку користите безжични слушалки, важно е да ги одржувате чисти и да ги чувате во нивната кутија се до моментот на употреба. Тоа секако, се однесува и на останатите типови на слушалки.
Исто така особено во време на пандемијата коронавирус, задолжително слушалките ставајте ги со чисти раце. Истите може да ги пребришете и со влажни антибактериски марамчиња.
„Слушалките секако пренесуваат бактерии, но ние кога ќе стави во или на уши не ги допираме често со раце. Затоа најважно е, кога ги ставаме со чисти раце. Доколку имате кутија за нив, користете ја секагаш!“ - советува д-р Лиза Акерли во изјавата за британскиот The Sun.
Докторката Каудија Пастидес, за Yahoo News вели дека моментално нема докази дека коронавирусот може да го нападне организмот низ ушите, односно дека е малку веројатно дека слушалките на кои има вирус може да ја пренесат инфекцијата на корисникот.
Иако ова сознание олабувува од дополнителни грижи, д-р Пастидес додава:
„Сепак, многу е важно се што ќе допрете редовно да го чистите, како и редовно да ги миете рацете во период од најмалку 20 секунди, како и дека дури и кога слушалките ви се во уши, не допирајте го лицете со неизмиени раце, за на секој начин да го намалите ризикот за да се заразите со коронавирусот“ - заклучува таа.