Експертите откриваат: Двојките кои споделуваат фотографии се несреќни
Сметаат дека двојките кои се воздржуваат од споделување на заеднички фотографии се за 128% посреќни од оние кои постојано ги споделуваат...
Неодамнешната студија покажа, нешто неочекувано, дека двојките кои често споделуваат заеднички фотографии на социјалните мрежи се всушност несреќни, пишува „Her“.
Истражувањето го спроведе „ShotKit“ на 2.000 двојки помеѓу 18 и 50 години за да се утврдат нивните навики и среќа на социјалните мрежи. Двојките ги испрашувале з анивните комуникациски вештини, поверба и интимност.
Студијата откри дека двојките кои споделуваат три или повеќе фотографии на социјалните мрежи во една недела се за 128% понесреќни од оние кои својата врска ја чуваат за себе. Исто така, оваа студија покажа дека 52% од испитаните двојки споделуваат фотки од врската три пати во неделата, 24% повремено, а 8% од испитаниците за својата врска ништо не споделуваат.
Главните причини на оние кои не ги споделуваат заедничките моменти се желбата за приватност, неудобноста и фактот дека не поминуваат многу време онлајн.
Интересен резултат е и оној кој открива дека само 10% од двојките кои редовно споделуваат фотки се во среќна врска. Останатите 46% кои ретко споделуваат фотографии се смета дека се во многу посреќни врски.
Гледајќи на разликата во години, повеќе фотографии споделуваат повозрасните, отколку оние двојки кои припаѓаат на генерацијата „Зет“.