Екстремно спортување со Имлек Протеин на трката Охрид Ултра-Треил

Екстремно спортување со Имлек Протеин на трката Охрид Ултра-Треил

Објавена во: После „Школо“ // PR

Имлек Протеин беше задолжителниот протеински напиток за ултра спортистите на екстремната трка Охрид Ултра-Треил. Поддршката од брендот Имлек Протеин овозможи да се одржи уште едно издание на една од најатрактивните планинско-ридски трки. Повеќе од 400 учесници трчаа меѓу езера, облаци и планини и си ја обновуваа енергијата токму со Имлек Протеин.

Заради функцијата што протеините ја имаат во нашето тело и нивната улога во градење и регенерирање на ткивата и мускулите, сѐ почесто се препорачани од нутриционистите за исхрана на рекреативците и спортистите. Протеините при градењето на мускулната маса се трошат а телото не создава резерви кои може да ги користи во случај кога има дополнителна потреба од нив. Затоа потребно е постојано внесување на протеини и тоа на дневна основа и посебно за оние што се физички активни. 

И токму тука Имлек протеин им помогна на спортистите за снабдување со протеин и регенерирање на исцрпените мускули во текот и по напорното трчање. Имлек протеин спортската зона како место каде тркачите си ја обновуваа енергијата и продолжуваа понатаму, создадена токму за нив, им ја даде неопходната поддршка во текот на трките и ги поттикна за подобри резултати. Охрид Ултра-Треил со своите четири трки понуди уникатно искуство во планинско трчање во Македонија, комбинирајќи тешки и лесни патеки, две недопрени езера и совладување високи и изложени планински масиви. Ова беше уште една во низата спортски трки каде Имлек протеин ја даде својата поддршка на сите присутни, спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици. 

Имлек протеин е препорачлив затоа што не содржи додаден шеќер или лактоза, а процентот на млечни масти изнесува само 0,1%. Со консумирање Имлек протеин 300ml се добива загарантирана доза од 30g 100% чист млечен протеин. Достапен е како шејк во три различни вкуса, чоколадо, ванила и јагода, и како пудинг во две варијанти, чоколадо и ванила. 

Заради големите придобивки од консумирањето Имлек Протеин, брендот и понатаму ќе поддржува спортски настани. До крај на годината следи забава за сите спортисти, ентузијасти и рекреативци подготвени за освојување нови предизвици.



ПР објава


Објавена во: После „Школо“ // PR

Можеби ќе ве интересира: