Емина Јаховиќ откри како се опоравува од короната: Конзумира природен сок кој прави чуда на организмот
Овој сок спаѓа во најздравите течности кои би можеле да ги внесете во организмот!
Емина Јаховиќ беше заразена со вирусот корона, како и нејзините најблиски. Пејачката објави дека таа и нејзиното семејство сега се негативни на Ковид 19, но дека сè уште се опоравуваат. Таа е позната по здравиот начин на живот, па ни покажа како сега го зајакнува своето тело.
Имено, Емина на својот Инстаграм профил објави дека сите во семејството се чувствуваат добро, но дека борбата била тешка и долга. Бидејќи закрепнувањето сè уште трае, сега повеќе од било кога е поважно да го зајакне своето тело и да го врати имунитетот. Затоа Емина пие сок од целер и јаглика.
Овој сок е полн со хранливи материи и веројатно една од најздравите течности. Листовите од целер се богати со витамин А, додека стебленцата се одличен извор на витамини Б1, Б2, Б6 и Ц, тие се полни со калиум, фолна киселина, калциум, магнезиум, фосфор, натриум и есенцијални аминокиселини. Постојат и растителни хормони и многу вредни есенцијални масла кои му даваат специфичен мирис на целерот. Овие масла имаат особено добар ефект врз нервниот систем и смируваат.
Овој пијалок исто така го намалува холестеролот, како и крвниот притисок, ги елиминира токсините од телото и е природен диуретик.
Да потсетиме, според медиумите, пејачката се заразила откако еден од нејзините синови и го пренел вирусот откако се вратил дома од скијање.