Емина Јаховиќ за претерувањето во родителството: Не може секое дете да биде Ѓоковиќ, треба да се биде реален
Пејачката Емина Јаховиќ периодов е актуелна поради признанието дека нејзиниот поранешен сопруг Мустафа Сандал, веќе долго време не плаќал алиментација за нивните синови - Јаман и Јавуз.
Дека пејачката е посветена мајка, можеме да сфатиме и од интервјуата кои ги дава за медиумите, па така во една прилика таа зборуваше за претерувањето во родителството. Таа се осврна на прашањато за востувањето на децата и огромните очекувања на родителите кои сакаат нивното дете да биде „чудо од дете“.
„Не може секое дете да биде Новак Ѓоковиќ! Треба да бидете реални. Не секое дете е талентирано за тенис, пеење или нешто друго. Верувам дека сите имаме некој свој талент во кој можеме да се покажеме и докажеме, но не треба да претеруваме. Како може да знаете дали вашето дете ќе биде Гордон Ремзи или некој друг утре?“ - заклучи таа револтирано.
фото: Youtube/ Printscreen