„Емоцијата има своја боја“- проект на Халкбанк за емоционален развој на децата
Халкбанк АД Скопје, една од водечките институции во областа на банкарството, со задоволство најавува нова иницијатива за 2024 година. Фокусот на активностите оваа година ќе биде емоционален развој на децата преку серија на содржини со наслов „Емоцијата има своја боја".
„Во Халкбанк, веруваме дека образованието и емоционалниот развој се есенцијални за успешното растење на нашите најмлади граѓани. Затоа, оваа година ќе се фокусираме и на креирање на едукативни и интерактивни содржини кои ќе ги збогатат детските животи и ќе ги научат како правилно да ги препознаваат и изразуваат чувствата, поврзувајќи конкретна емоција со конкретна боја. Тоа ќе им помогне полесно да ја осознаат својата емоционална страна што ќе влијае позитивно на нивниот правилен психофизички развој, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.
[img src="https://zenskimagazin.mk/media/inline/2024/02/5.2.2024-2.jpg">
[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Femocijata-ima-svoja-boja--proekt-na-halkbank-za-emocionalen-razvoj-na-decata%3Ffbclid%3DIwAR1nNMLwJ7J6zSMyH-ZIJhl6AQQ6H1U_cNoEWMZlSczVYbZ4_FfCWidGqMw&referer=https%3A%2F%2Fl.facebook.com%2F&cb=9172d4a397" width="0" height="0" alt="">
И оваа година, покрај на новиот проект за работа на емоционалниот раст и развој кај децата, преку настаните, работилниците и сите активности кои ќе се организираат, Халки ќе биде во функција и на развивање на финсиската писменост, еколошката свест и инклузивност.
[img src="https://ads.faktor.mk/www/delivery/lg.php?bannerid=0&campaignid=0&zoneid=58&loc=https%3A%2F%2Fzenskimagazin.mk%2Femocijata-ima-svoja-boja--proekt-na-halkbank-za-emocionalen-razvoj-na-decata%3Ffbclid%3DIwAR1nNMLwJ7J6zSMyH-ZIJhl6AQQ6H1U_cNoEWMZlSczVYbZ4_FfCWidGqMw&referer=https%3A%2F%2Fl.facebook.com%2F&cb=1a86691c42" width="0" height="0" alt="">
ПР објава