Емотикони кои не измамија: Значењето на 10 од нив ќе ве изненади
Во колку пораки ги имате погрешно искористено! Се надеваме дека ниту личноста на која сте ѝ ги испратиле не знае многу повеќе од вас.
Во продолжение погледнете неколку емотикони кои не го прикажуваат она на кои што сите мислиме:
# Емотикон со јазик исплазен на страна
Сите го користиме овој емотикон кога задеваме некој, но вистинскиот значење е лижење на усните затоа што очекувате вкусна храна или знак дека сте јаделе нешто вкусно.
# Човече со рацете над глава
Сите го користиме кога сакаме да покажеме дека сме изненадени, но вистинското значење на овој емотикон е само - ок.
# Виолетово ѓаволче
Обично го користиме кога сакаме да истакнеме дека нешто што сме го напишале не е добро и драго, а ова е токму неговата цел.
# Мачка со изненаден израз
Вистинското значење на оваа мачка не е изненадување, туку знак на замор.
# Емотикон кој ги покажува забите
Една од вообичаените работи за кои го користиме е кога изразуваме дека сме горди на себе за нешто. Но, единственото вистинското значење е среќа, смеење, т.е. кикотење.
# Емотикон со малку отворена уста
Овој емотикон нема отворена уста, туку му е затворена, а тоа претставува: држење на устата затворена кога ќе дознаеме нешто „wow“, кога не смееме да кажеш некому нешто или треба да чиваме тајна, или било што во оваа смисла, но не е изненадување.
# Емотикон со х наместо очи
Овој емотикон всушност покажува изненадување, и тоа кога некој ќе ве изненади над сите граници.
# Оган со бел правоаголник
Овој емотикон всушност е беџ! Вакви значки се користат во градинките во Јапонија. Сега можете и почесто да го користите кога сакате некому да му дадете до знаење дека нешто што направил е за пофалба и заслужува значка.
# Емотикон кој испраќа бакнеж
Овој емотикон има сосема друго значење, а значи свиркање со уста.
# Девојки со зајачки уши кои танцуваат
Овој емотикон претставува Bunny Girl, јапонски концепт сличен на Плејбој зајачиците. Па не толку женско дружење, туку повеќе е поголема сексуална привлечност, секси женственост или заведување.