Емотивна изведба на која никој нема да остане рамнодушен: Лина покажа дека песните на Тома Здравковиќ и денес се хит (ВИДЕО)
Изведба која ќе ве наежи од глава до петици...
Биографскиот филм за познатиот српски пејач Тома Здравковиќ, „Тома“ и по скоро една година од објавувањето е актуелен.
Песните со кои во минатото се прослави познатиот пејач, и денес се актуелни, а за тоа придонесе ова филмско дело. Пејачот Аца Пејовиќ, беше задолжен да ги донесе барем на приближен начин, а денес, освен кај повозрасните, песните на Тома се актуелни и кај помладата генерација.
„Поноќ је“ и „За Љиљану“ се издоија од сите останати и сега се неизбежен дел на сите прослави и забави. Свои верзии од овие песни објавија и останатите пејачи, меѓу кои и многу млади музички ѕвезди.
Лина Пејовска е една од нив, која уште првиот месец по објавувањето на филмот стави свој печат на овие безвременски музички парчиња. Сега, на скоро една година од објавувањето на филмот, нашата млада пејачка повторно објави кавер од песната „За Љиљану“.
„Секоја чест“, „Емоцијаааа“, „Ова е многу добро и емотивно испеано. Браво Лина“, „Оваа песна кога ја пее Лина е моја“ - се само дел од коментарите кои Лина ги доби на сметка на својата изведба.
фото: Принтскрин / Инстаграм