Емотивна изведба на „Немир“: Огнен Здравковски и Лина Пејовска го преработија најпознатиот дует на Тоше и Каролина (ВИДЕО)

Емотивна изведба на „Немир“: Огнен Здравковски и Лина Пејовска го преработија најпознатиот дует на Тоше и Каролина (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Музика

Оригиналната верзија на оваа песна има повеќе од 2.5 милиони прегледи, а колку ќе има изведбата на Лина и Огнен?

Дуетската „Немир“ на Тоше Проески и Каролина Гочева е еден од оние евергрини, кои ги пејат сите генерации. Ја знаат и најстарите, но и они најмладите, кои дури немаа ни можност да го запознаат Тоше.

Официјалното видео на овој дует има нешто повеќе од 2.5 милиони прегледи, а за неговиот успех говорат и бројните кавери, кои ги снимаат младите и талентирани пејачи.

Еден таков кавер, снимија и Огнен Здравковски и Лина Пејовска. Тие се потрудија да ја внесат својата емоција во стиховите на песната и да стават свој печат на овој евергрин.

Како звучат, погледнете во продолжение:

За потсетување, Огнен својата популарност ја доби од музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“, а Лина од „Ѕвездичките на Пинк“.


Објавена во: Stars // Музика

Можеби ќе ве интересира: