Емотивниот настап на Андреа не беше доволен за влез во финале: Кои држави се пласираа во финалето на Евровизија? (ВИДЕО)
Вчеравечер се одржа второто полуфинале од најголемото европско музичко натпреварување Евровизија. 18 држави ги претставија своите песни, а помеѓу нив беше и македонската претставничка Андреа Коевска.
Андреа настапи под редниот број 11. Како што најави кога беше одбрана да биде наш претставник, на големата сцена излезе сама и облечена во црно. За нејзиниот изглед беше задолжена модната стилистка Цаци Паковска.
Генерално земено настапот на Андреа беше едноставен, но истовремено моќен и емотивен. Низ стиховите на Европа ѝ ги покажа своите најдлабоки емоции. За жал, не успеа да се пласира во финалето, па така и оваа година Македонија ќе нема да биде дел од големото евровизиско финале.
Најголем впечаток и најдолги овации на втората полуфинална вечер, но и општо на Евровизија, доби српската претставничка Ана Ѓуриќ, попозната како Констракта. Едноставно додека го пееше рефренот, едвај се слушаше од силното ракоплескање на публиката која во салата на Торино ја следеше втората полуфинална вечер.
Воедно, Србија е и единствена држава од Западен Балкан која обезбеди место во големото финале. Покрај неа, во финалето ќе ги гледаме и Белгија, Чешка, Азербеџан, Полска, Финска, Естонија, Австралија, Шведска, Романија и Србија.
фото: Принтскрин / Јутјуб