Есенски моден хит!

Есенски моден хит!

Објавена во: Мода // In and Out

5 парчиња облека што сигурно ги имаш во твојот гардеробер, а оваа есен се апсолутен хит!

Тоа што започна ново годишно време не значи дека треба сите заштедени пари да ги потрошиш на нова облека. Провери во гардероберот - сигурно имаш нешто од овие 5 парчиња облека што можеш да ги комбинираш буквално со се.

1.  Карирана кошула

Одлично се вклопува во секој стил, а најдобро се комбинира со обична маичка и фармерки.

2.  Фармерки

Скинатите фармерки полека излегуваат од мода затоа оваа есен насочи се кон потемните и покласични модели.

3.  Плетен џемпер

Никогаш нема да погрешиш со oversize плетените џемпери.

4.  Старки

Високите старки се најсигурен избор. Нив можеш да ги искомбинираш со секаков вид облека.

5.  Маица со принт

Маиците се неизбежен детал во секоја комбинација, а оние со интересен принт само ќе го надополнат твојот изглед.



Објавена во: Мода // In and Out

Можеби ќе ве интересира: