Ешли Тисдејл го очекува првото дете: На емотивен начин ја сподели среќната вест

Ешли Тисдејл го очекува првото дете: На емотивен начин ја сподели среќната вест

Објавена во: Stars // Филм

Како вчера да ја гледавме во „Средношколски мјузикл“...

И ден денес низ нас поминува „она“ чувство кога ќе ја слушнеме „We're All In This Together“ и ќе го видиме оригиналниот амбиент од филмот „Средношколски мјузикл“, во глумеше Ешли Тисдејл.

За нас времето застана, но не и за неа: актерката и пејачка неодамна на својот Инстаграм профил откри дека со сопругот Кристофер Френч го очекуваат првото дете.

Ешли сподели и фотографија на која јасно и се гледа трудничкото стомаче, а покрај неа е и нејзиниот сопруг.

Под фотографијата прва коментар напиша Ванеса Хаџенс, која напиша дека ова „многу слатко“.

Парот е во брак шест години, а 35 - годишната Ешли и понатаму има успешна кариера во разни телевизиски проекти, иако ретко ја гледаме на „мејнстрим“ проекти.

Актерката неодамна имаше операција за да ги извади силиконите од градите, бидејќи имала низа здравствени проблеми.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: