Ештон Качер и Мила Кунис ја издаваат својата вила за 0 долари, а причината е неверојатна (ФОТО)

Ештон Качер и Мила Кунис ја издаваат својата вила за 0 долари, а причината е неверојатна (ФОТО)

Објавена во: Stars // Филм

Холивудскиот пар Ештон Качер (45) и Мила Кунис (40) решиле да направат добро дело, па преку платформата Air B'n'B ја изнајмуваат својата гостилница до нивната вила во Санта Барбара за нула долари.

-Ќе бидеме таму да ве поздравиме по пристигнувањето и да се погрижиме да имате се што ви треба за пријатен престој на плажа, рече парот. 

Нивниот втор дом во калифорнискиот град е опишан како „плажата на Ештон и Мила , а платформата B'n'B ќе донира непозната сума на организацијата „Торн“, која им помага на децата кои претрпеле сексуално насилство.

Двојката ја сподели веста во слатко видео на Инстаграм на Ештон.

-Мислам дека треба да поканиме потполни непознати луѓе да дојдат во нашата викендица. Таму е многу убаво, ѝ рекол актерот на својата сопруга, која се насмеала и го прашала:

„Чекај, сериозен си?

Актерот потоа сподели линк до Air B'n'B каде што идните посетители можат да видат што ги чека.

Фотографии од куќата погледнете ги ТУКА.

Куќата за гости има сопствено џакузи, убава дневна и кујна, три спални соби; еден со голем брачен кревет и два за деца.

Фото:youtube/screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: