Естрадата ѝ должи 90.000 евра: Марина Туцаковиќ оставила список на должиници?

Естрадата ѝ должи 90.000 евра: Марина Туцаковиќ оставила список на должиници?

Објавена во: Живот // Живот

Најплодниот текстописец на Балканот, Марина Туцаковиќ почина на 19 септември по долгата и тешка болест, а беше погребана во семејната гробница покрај синот Милош, по нејзина желба. Како што пишуваат медиумите, таа во текот на животот имала тетратка во која запишувала кој која песна ја купил од неа, но и кој не ѝ платил.

Кога дознала дека има рак и ја започнала борбата за сопствениот живот, Марина наводно се откажала од идејата да ги наплати долговите, па престанала да ги прогонува пејачите кои ѝ должеле пари за текстовите кои им ги напишала, пишува „Свет“. Меѓутоа, како што се наведува, имала тетратка во која запишувала сè, и кој која песна ја купил и кој плаќал на рати, и кој уште немал платено. Иако парите ѝ биле потребни за лекувањето, таа на никој не му побарала ниту денар, но нејзиниот син Милан Радуловиќ Лаќа наводно нема намера да им ги остави долговоте незатворени.

„Марина водеше сметка за тоа на кој му продава текст, кој ѝ платил и кога, се запишуваше со години, поточно откако почна да пишува. За таа тетратка заеја Фута и Лаќа, а како што слушам, нејзиниот син не сака да им прости ниту еден динар, бидејќи знае колку ја болеше Марина тоа што не ја испочитуваа, особено што тие пејачи кои ѝ беа должни не ѝ се ни јавија да прашаат како и дали ќе може на рати да го исплатат долгот, иако знаеле дека парите ѝ се потребни за лекување. Таа многу се нервираше околу тие долгови и никогаш не разбираше како некој без срам може да се прави наудрен и да не се извини. Пишуваше сериозни хитови, на кои сите тие пејачи заработија големи пари, а на неа ѝ останаа должни. Штом се стиши малку ситуацијата, можеби по 40 дена, Лаќа ќе ја отвори тетратката и ќе види на кој начин ќе ги собере долговите, а сигурно е дека сите ѕвезди кои се должни ќе ти тужи. На многу пејачи нема да им биде добро, бидејќи е подготвен јавно да изнесе сè. Вкупниот долг на пејачите е над 90.000 евра. Колку што знам еден популарен фолк пејач останал сериозно должен и со него долго се молела, а тука е и една пејачка која од Марина земала четири песни, од кои две се сериозни хитови и кои никогаш не ги платила“ - тврди извор близок до семејството на Марина.

„Марина навистина напиша тестамент, ми се чини пред една година, бидејќи нејзината здравствена состојба варираше, сакаше да замине мирно на оној свет. Не ги знам детално, но во нејзиниот тестамент се наоѓаат и нејзините останати мзуички дела. Сè уште е рано за секого, бидејќи семејството е многу депресивно, тие сакаат да тагуваат во мир за Марина. Подоцна ќе се занимаваат со правни работи. Знаат што и како треба да прават Фута и Лаќа, бидејќи Марина разговараше со нив со ноќи и ги подготвуваше за нејзино заминување“ - наведува изворот.


Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: