Ева Заева на патување со чанта на „Диор“ од чија цена ќе ви се заврти во глава (ФОТО)
Внуката на поранешниот премиер Зоран Заев, Ева Заева со фотографиите кои ги објавува на свој Инстаграм профил постојано изненадува.
На нејзиниот Инстаграм профил често може да се најдат фотки од патувања ширум светот, но и такви од важни настани во нејзиниот живот, како што на пример беше дипломирањето.
Имено, по објавувањето на вестите дека дипломирала на Машинскиот факултет во Скопје, првата фотка која ја објави Ева беше од едно патување.
Локацијата е непозната, но сигурни сме дека во прашање е некој европски град, а она што особено ни го привлече вниманието беше нејзината модна комбинација. Ева на фотографиите позира во бел лелеав фустан, кој е апсолутен хит ова лето, поради можноста за лесно комбинирање.
Внуката на поранешниот премиер, го искомбинира со светло зелени влечки, црни очила за сонце и црвена чанта од познатиот бренд „Диор“.
Кога сме на темата чанта, овој моден додаток, на официјалната страница на Диор може да го најдете во три различни големи - мини, средна и голема, а најмалата чини вртоглави 2.975 фунти, односно скоро 3.500 евра.
Која големина ја има Ева, не знаеме, исто како што не знаеме дали ова модно парче е оригинал.
фото: Принтскрин / ИнстаграмМоже да ве интересира:
Цел Твитер зборува за модниот детаљ од 1.850 евра: Ќерката на Заев сподели селфи од лифт