Еве како да наместите рубикова коцка во 20 чекори!
Иако, голем број луѓе мислат дека рубиковата коцка можат да ја сложат само генијалци, тоа всушност не е точно, бидејќи постои шема и алгоритам кој може да се научи напамет и кој ви овозможува да ја наместете оваа коцка во максимум 20 чекори.
Ова видео ви го покажува алгоритамот кој го овозможува сето ова. Се што треба да направите е да ги следите чекорите и потоа вашата коцка секогаш ќе знаете да ја наместите. Понекогаш и нема да ви бидат потребни сите 20 чекори, ако коцката не е многу извртена, така да ќе можете и во 14 и 15 чекори да успеете да ја склопите.
Кога ќе го научите овој алгоритам напамет, ќе можете со неверојатна брзина да ја наместите рубиковата коцка, па можеби и еден ден ќе се пријавите на некое натпреварувањe.