Еве како живее денес девојчето кое првиот милион го заработи на само 6 години: Не ми е гајле за парите, важна ми е популарноста (ФОТО)

Еве како живее денес девојчето кое првиот милион го заработи на само 6 години: Не ми е гајле за парите, важна ми е популарноста (ФОТО)

Објавена во: Мода // Moj стил

Изабела Барет уште како 6-годишно девојче живееше во екстремен луксуз. Имаше цепарлак од 25.000 фунти неделно, вечераше јастог и имаше личен возач.

Изабела денес има 15 години и веќе е милионерка, но не само поради фактот што нејзините родители се богати, туку и поради сопствените заслуги. Имено, таа лансираше сопствена колекција на облека и накит откако се појави во американската хит емисија „Toddlers and Tiaras“.

Поранешната мисица во детски категории во текот на својата натпреварувачка кариера освои 85 титули и 55 круни, а и понатаму се занимава со манекенство - неодамна се прошета на модната писта во рамките на Модната недела во Њујорк. Во таа прилика откри дека го има основано сопствениот бренд „House of Barretti“, а додаде и дека иако овој нејзин проект е успешен, сепак е грешка. На пример, нејзиниот бизнис со плишани мечиња пропадна.

„Имам линија накит која ми донесе милион долари, имам линија облека која ми донесе милион долари, но и понатаму се дружам со моите приајтели, одиме на џет ски“ - кажа оваа тинејџерка.

Неодамна ја доби и својата прва чековна книшка, а тоа го прослави со луксузна забава за чија организација потроши 69.000 фунти. 

„Тоа што сама ги заработив милионите ми отвори многу врати, но најважно ми е добро да се забавувам“ - истакна.

Изабел вели дека како девојче имала скромни амбиции и дека сонувала да стане наставничка, дури и кога го заработила првиот милион, а уште немала завршено основно училиште. Откако го напуштила светот на детските натпреварувања во убавина, таа стана успешен претприемач со низа линии за нега на кожата и модата, а воедно се занимава и со моделинг за различни брендови.

„Кога бев млада и се натпреварував, беше тешко да се пронајде облека и обувки за тинејџери за таква прилика, бидејќи сѐ беше премногу формално, неудобно и непријатно за носење. Затоа направив линија за деца и тинејџери, па и возрасни, која би можеле да се носи на снимањата“ - вака ја објасни својата деловна визија.


На прашањето дали повеќе сака да биде богата или популарна, Барет одговори:

„Да бидам позната, бидејќи така запознавам многу нови пријатели. Не секогаш парите се најважни, туку запознавањето нови луѓе и забавата. Навистина ми е забавно, бидејќи многу патувам и запознавам многу пријатели“.

Изабела е популарна и на социјалните мрежи, на кои ја следат повеќе од 60.000 следбеници.

„Се чувствувам прекрасни и знам дека сите гледаат пример во мене, а тоа е голема одговорност. Моите обожаватели ме сакаат, ми велат дека сум навистина кул и убава, нема ништо што не би ми се допаднало во тоа што сум позната“ - вели.

Сузана, мајката на Изабела истакна дека нејзината ќерка навистина носи само најскапи парчиња облека, но тоа е така бидејќи фамилијарно го ценат квалитетот. Таа исто така одговори и на критиките, бидејќи ѝ дозволила на ќерка ѝ да се шминка на толку малку години.

„Луѓето ме прашуваат како сум можела да ѝ ја облекам таа облека за натпреварувањето, да ѝ дозволам да се шминка и да носи високи потпетици, но мислам дека завршив одлична работа; нејзините манири се беспрекорни. Таа ја сака својата работа. Сакам да биде она што ќе сака да биде. Како мајка, тоа е сѐ што посакувате за децата - да бидат среќни“ - заклучи Сузана.


фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: