Еве како живее најмалата ќерка на Бил Гејтс: Навикната е да плива во пари, нема пречки за неа! (ФОТО)

Еве како живее најмалата ќерка на Бил Гејтс: Навикната е да плива во пари, нема пречки за неа! (ФОТО)

Објавена во: Совети // Семејство

Фото: Profimedia

Таа пораснала во куќа која има вештачка река и песочна плажа

Бил и Мелинда Гејтс се двајца од најбогатите луѓе во светот. Иако двајцата сега се разведени и водат одвоени, но многу успешни бизниси - и двајцата изјавија дека најголемото животно достигнување се нивните три деца.

Денеска ви ја пренесуваме приказната за нивната најмлада ќерка Фиби.

Фиби е родена на 14-ти септември 2002-ра година во Вашингтон, а моментално живее во еко-вилата на нејзините родители на езеро, вредна 124 милиони долари.

Децата на Гејтс пораснале во куќа која има трамболини, вештачка плажа направена од карипски песок. Имотот бил опкружен со вештачка река во која пливале риби, а имале и отворени и затворени базени.


Иако живееле во луксузно опкружување, парот се обидел да им наведе на децата да разберат што е реалноста. Сите три деца се занимавале со миење садови и одржување на куќата.

Фиби добила основното образование во балетско училиште, а подоцна посетувала училиште специјализирано за глума и танц. Студирала на Школата за американски балет во познатиот центар Линколн во престижната школа Џулијард.


Иако Фиби најмногу ја воспитувала нејзината мајка Мелинда, Бил секако имал големо влијание врз нејзиниот живот. И двајцата велат дека имаат заедничка љубов кон читањето.

Фиби е многу блиска и со нејзината постара сестра Џенифер, која е мажена. Џенифер ѝ го честиташе роденденот на својата сестра преку објава на Инстаграм со овие зборови:

„Среќен роденден! Голема среќа е да се има најталентираната, најшармантната, најпаметната и најхаризматичната сестра! Ти посакувам сѐ најдобро на светот!"


Фиби привлече големо внимание со тоа што вчера се појави рамо до рамо со нејзиниот татко Бил Гејтс на престижната гала „Time 100 Most Influential People Gala“ во Њујорк.

Облечена во едноставен розов фустан, Фиби зрачеше со свежина и грациозност.


Извор: stil.kurir.rs


Објавена во: Совети // Семејство

Можеби ќе ве интересира: