Еве која пејачка ги пееше песните на Силвана во филмот „Тома“: Не биле наменети за неа, сѐ се променило поради болеста на нејзината колешка
Филмот „Тома“ крена голема прашина, а песната „Поноч“ која во филмот ја изведуваат Силвана Арменулиќ и Тома Здравковиќ, ја отпеа пејачката Сузана Диниќ, која кажа дека овој ангажман првобитно бил наменет за друга пејачка, но поради болеста на колешката песните ги отпеала таа.
„Искрено постојат многу анегдоти поврзани за тој момент кога Жељко Јоксимовиќ ме повика да ги отпеам песните на Силвана. Прво јас сум некој кој пее поп музика, па на луѓето им беше незамисливо да ги пејам тие песни. Друга девојка требаше да ги пее сите песни, но за жал се разболе“ - ја започна приказната Сузана.
Сцените во кои Тома и Силвана пеат заедно требало да бидат итно снимени, а бидејќи Жељко немал алтернатива, ја повикал својата колешка на помош.
„Од денес за утре ми кажа да ги снимам само тие две песни, дека кога ќе оздрави дека ќе продолжи девојката. Тоа се случуваше среде короната минатата година, јас бев кај родителите во Зајечар, но имав студиска опрема кај себе. Ја снимив „Ночас ми срце пати“ и му ја испратив вечерта, а утредента ми се јави дека бил шокиран, бидејќи не можел да пронајде разлика помеѓу оригиналната и мојата верзија“ - открива пејачката и додава дека и самата била изненадена, бидејќи опусот на песните на Силвана до тогаш не ѝ бил близок.
Кога Жељко им ги пуштил на сетот снимките од Сузана, паднала одлуката дека таа ќе остане да ги сними сите преостанати песни.
„Никој не можеше да верува дека тоа е мојот глас, сите беа изненадени. Што се вели „Не на кој му е речено, утку на кој му е судено“. А, што се однесува до песната „Поноч“, мислам дека ќе остане помеѓу евергрин хитовите. Еве за само две недели има скоро три милиони прегледи и веќе се нарачува во кафаните“ - раскажа своевремено Сузана во „Гранд магазинот“.
фото: Принтскрин од Јутјуб