Еве зошто ја раскинаа свршувачката пред 20-тина години: По втор пат се верија Џенифер Лопез и Бен Афлек
Дали овој пат ќе им успее?!
Бенифер беа омилниот пар и пред 20 години, кога за холивудскиот заводник Бен Афлек, многумина предвидоа дека е вистинскиот за Џенифер Лопез. Двојката се сврши наскоро откако се запознаа и почнаа да планираат венчавка во Санта Барбара.
Афлек издвои околу два милиони долари за прстенот, а дијамантот беше во розова нијанса. Целата церемонија беше откажана неколку месеци пред датумот, а веридбата беше прекината. Падот наводно се случил поради неговата развратна ергенска забава во стриптиз клуб и фактот дека имал огромни проблеми со коцкањето. Двојката помина вкупно две години заедно.
Сега Бен избра прстен во зелена нијанса, а Џенифер во солзи објави видео на кое ја соопшти среќната вест.