Евровизија - зошто да не? Анастасија Ражнатовиќ проговори што мисли за тоа да ја претставува Србија на големото музичко натпреварување
Пејачката покрај ова признание раскажа и дека тетка ѝ ја следи цело време на настапите и дека на крајот го анализира комплетниот настап...
Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ неодамна го имаше својот прв настап во еден клуб во Париз, а сега медиумите ги интересираше дали размислува за идејата да ја претставува Србија на Евровизија.
Кажа дека моментално не размислува во тој правец, но дека не ја исклучува опцијата.
„За сега немам такви амбиции. Мене тоа ми е супер, но некако не сум размислувала во тој правец. Никогаш не вели никогаш, мене тоа ми е навистина супер и зошто да не, еден ден ако наиде вистинска песна за тоа, би се пријавила па ќе видиме, но за сега не“ - откри Анастасија за „Токсик“.
На настапот со неа била тетка ѝ Лидија Оцокољиќ, која за целото време го следела настапот на младата пејачка.
„Буквално го скенираше секое движење, секоја гестикулација, секоја гримаса, тон, трилер, но е задоволна. Кажа дека е задоволна, дека за првпат сѐ било супер“ - раскажа Анастасија.
фото: Принтскрин / Инстаграм