FaceApp, апликацијата по која сите „полудеа“ ни ги краде податоците?

FaceApp, апликацијата по која сите „полудеа“ ни ги краде податоците?

Дали си и ти помеѓу милионите луѓе кои си ја симнаа апликацијата FaceApp на својот мобилен? Можеби се загрижи за своите лични податоци по целата оваа приказна? Не си единствен/а. Дури и американскиот сенатор Чак Шумер ги повика FBI да го истражи целиот случај.

Своите фотки со овој ефект ги објавија и многу познати личности.

Но, да скратиме, сите се загрижија кога прочитаа дека нивните фотографии би можеле да се најдат на разни реклами и тоа само затоа што ја симнаа оваа апликација. Но, причини за грижа, сепак нема, барем судејќи по она што го кажаа Русите кои и ја направија оваа апликација.

Јарослав Гонрачов во интервју откри дека апликацијата не ги користи фотографиите за никакви цели, освен за она за што е наменета. Веќе не може да се знае на кој треба да веруваме... Но, самите размислете дали сакате да продолжите да ја користите апликацијата или пак ќе сакате да ја оставите настрана.

Можеби ќе ве интересира: