Фановите не се воодушевени – Џони Деп нема веќе да го глуми Џек Спероу!
На голема жалост на неговите
обожаватели Џони Деп повеќе нема да се појавува во улогата на капетанот Џек
Спероу во новите продолженија на филмот „Пирати од Карибите“, пренесуваат британските
медиуми.
Деп се појави во 5 продолженија од овој филм, Dead Men Tell No Tales е последното продолжение во кое глумеше тој, а воедно се покажа и како најнеуспешен филм од франшизата.
Веста дека нема да глуми во овој филм ја потврди еден од сценаристите на филмот Стјуарт Бити.
„Тој го создзаде ликот и очигледно е улога по која е најпознат. Децата низ цалиот свет го сакаат и мислам дека тоа беше одлично и за него и за нас“, откри Бити и потврди дека Џони повеќе нема да биде пират.
„Мислам дека Џек Спероу ќе биде негово наследство. Тоа е единствен лик кој го одигра 5 пати. Тоа е лик во кој се облекуваше кога одеше да ги посетува децата во болница. Мислам дека по него ќе остане запаметен“, рече Бити.
Сценаристот откри дека многу размислувале кога го повикале Деп да глуми во овој филм.
„ Деп го сметаа за чуден, независен актер кој имал добри улоги, но не беше некоја голема филмска ѕвезда. Ние го направивме толку познат“, изјави сценаристот и додаде дека многу мислеле дека се луди што трошат време на актер како што е Џони Деп.
Фото: Disney Enterprises, Inc. All Rights Reserved.