Фановите се збунети: Џастин Бибер го рекламира шоуто за готвење на Селена Гомез
Џастин Бибер како да не може без својата стара љубов, а тоа прави неговата сопруга да се чувствува несигурна. Хајли и сега ќе биде под стрес, бидејќи Бибер сега убаво го испромовира кулинарското шоу на Селена Гомез. Секако, по ова не треба да не изненадува фактот што социјалните мрежи експлодираа.
Justin Bieber accidentally slips up and reveals he’s been watching Selena Gomez’s cooking show!
— MOODI (@kindofcrazy) August 17, 2020
Thoughts? pic.twitter.com/HALv3pJgkN
Се зпаочна откако Бибер на својот Инстаграм профил објави фотографија на која бара што ќе гледа на Нетфликс, а многу е впечатливо тоа шот помеѓу првите избори му е шоуто на Селена. Секако, многумина ова лесно го воочија, па започнаа со серија твитови и толкување на тоа што ова значи. Исто така, треба да се истакне дека ова не значи дека Џастин го гледа шоуто на Селена, но многумина укажуваат дека е тешко ова да е случајност.
Имено, Џастин има голем број на следбеници на Инстаграм и секако дека води сметка што и кога ќе објави. Затоа на многумина не им делува дека сево ова е грешка, пишува CapitalFM. Една девојка напиша навистина логичен коментар во кој вели: „Да бидеме искрени, не се гледа дека серијата му е на листата на оние кои ќе ги гледа, но многу е чудно што ја сподели оваа фотографија. Го покажа кулинарското шоу на Селена, иако знае дека целиот свет ќе зборува за ова.“
Џастин во претходните години беше уловен повеќе пати како на своите уреди ја пребарувал Селена Гомез, но сето тоа тој го демантираше, зборувајќи дека е во прашање случајност. Меѓутоа, колку почесто се повторуваат вакви работи, помалку луѓе ќе му веруваат! Обожавателите на Селена се убедени дека ова го прави намерно и бара начин како да се врати во центарот на вниманието.