Фановите со нова теорија: Џон Сноу ќе умре во следната епизода!
Некои обожаватели на хит серијата „Game of Thrones“ сметаат дека во новата епизода Џон Сноу ќе умре.
Имено, според comicbook.com во текот на целата серија, судбината на ликовите е многу поврзана со нивните животни. Значи, теоријата доаѓа оттука: Сега кога животните на Џон ги нема повеќе во серијата, тој најверојатно ќе умре.
Авторот кој стои зад оваа теорија, ја зема судбината на Рагал и Духот за да ги предвиди лошите вести за Џон. И покрај ова сепак постојат неколку мистерии повразани со оваа теорија, а истите ќе ги дознаеме сите во недела, по емитувањето на претпоследната епизода од оваа хит серија.