Фантастичен трик: Исуши го лакот на ноктите за само една минута

Фантастичен трик: Исуши го лакот на ноктите за само една минута

Објавена во: Мода // Moj стил

Колку пати досега си нанела лак на ноктите, а си морала итно да завршиш нешто? Или, колку пати си се откажала од лакирање, бидејќи нема да успеат да ти се исушат нотките?

За да немате ниту еден од овие проблеми, во продолжение ви подаруваме еден одличен трик за тоа како брзо да ги исушиш ноктите и да имаш фантастичен брз маникир.

Што е потребно?

# Длабок сад.

# Вода.

# Неколку коцки мраз.

Како да ги исушам ноктите за една минута?

Пред да почнеш да ги лакираш ноктите, подготви го садот со ладна вода, во кој ќе додадеш и неколку коцки мраз.

Налакирај ги ноктите, а кога ќе завршиш, прстите стави ги во садот со вода и мраз.

Задржи ги прстите во водата колку што можеш подолго. Извлечи ги накратко да се згреат, а потоа повторно потопи ги во ладната вода. Повторувај го ова додека не помине една минута, најмногу 90 секунди. Ни случајно немој да ги држиш нотките во ладната вода подолго од ова.

Кога ќе завршиш, твоите нокти ќе бидат прекрасни, токму онакви какви што посакуваш.

Напомена: Колку ќе трае сушењето зависи од лакот кој го користиш, но и до тоа колку слоја ќе нанесеш.


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: