Fashion Group fall/winter ‘24: Натпросечно со стил со Тино и Атанас!
Во пресрет на новата сезона, Fashion Group внесува свежина во секојдневието. Инспирирани од „Натпросечните Македонци“ Тино и Атанас, „Натпросечно со стил“ доаѓа во време кога на сите им е потребна смеа и подобро расположение.
Новата кампања за сезоната есен-зима ’24 на модната групација е посветена на сите убавини и нови почетоци што со себе секогаш ја носи промената на сезоната. Есенва, се обидуваме смеата да ја направиме вирална со момците кои се олицетворение на истата – Тино и Атанас.
Тие на сосема поинаков, но исклучителен начин ги прикажуваат новите колекции на брендовите на Fashion Group, кои содржат нова естетика, боја, трендови и инспирација за сите кои оваа сезона сакаат да се издигнат над просечното, без разлика на стилот што го негуваат.
Тоа значи дека мажите, преку колекциите на Fashion Group имаат можност да ја изразат својата креативна страна, комбинирајќи ги трендовите посмело и впечатливо.
Модата е можеби сериозна работа, но истовремено нуди можност за забава додека го бараме најдоброто модно издание за пригодата што ни е посебна.
И токму затоа, Fashion Group оваа сезона, за која велат ќе е позабавна од било кога, повикува на добро расположение, модна храброст и стил во се' она што ни го сочинува секојдневието - да комуницираме стил, да се движиме со стил, да имаме став, да го „надминеме“ просечното во наш стил.
Во сезона есен 24/25 да ги вратиме и насмевките во мода, а сите други модни трендови, веќе се во продавниците на Fashion Group!
ПР објава