Fashion Group ги слави жените: Супер промоции посветени само на дамите!

Fashion Group ги слави жените: Супер промоции посветени само на дамите!

Објавена во: Мода // Moj стил

Во пресрет на денот кога само се потврдува колку голема улога имаат дамите во општеството, Fashion Group дополнително им го разубавува денот со исклучителни промоции на кои ниту една нема да остане рамнодушна.

Интернационалниот Ден на жената, 8 – ми март, е само уште еден повод да ги потсетиме сите дами на важноста на нивниот заеднички глас, на нивните права и рамноправност во социјалниот живот и последно, но не помалку важно, на шармот и харизмата што ги поседува секоја една од нив.

Сакајќи целосно да им ги посветиме прекрасните денови што следат, направивме неколку промоции во чии рамки секоја дама ќе може да си ги набави парчињата за совршена и шик пролет. 

Почнувајќи од денеска, па сè до 8-ми март, во тек ќе бидат неколку промоции чии предности ќе можете да ги искористите во кошничка или пак на каса во одбрани продавници на брендовите на Fashion Group.

Од денеска, во продавниците на Fashion&Friends, Geox, Superdry, Levi’s, Guess, Parfois, Replay и Women’secret, ќе можете да си набавите повеќе производи и да добиете намалување од -10% за еден, -15% за два и -20% за три производи


Подеднакво привлечна е и промоцијата во Mango, каде сите дами можат да си ја направат омилената пролетна комбинација и да добијат -10% за еден и -15% за два купени производи, а истото се однесува и за брендот Springfield. 

Она што не смееме да го заборавиме, а на што знаеме дека дополнително ќе се израдувате е тоа што во вашиот омилен Guess, од денеска па сè до 8 – ми март, со секоја направена сметка над 2.000 денари ќе добиете исклучително уникатен подарок изненадување, на што количините се ограничени. 

Секогаш славејќи ја моќта на жените, нивната независност и убавина, Fashion Group и оваа година ве радува со исклучителни нови колекции во кои вметнавме неодоливи парчиња во кои знаеме дека пред сè, ќе се чувствувате свои. 

Во деновите што ни претстојат, но и во сите останати, не заборавајте секогаш да одвоите време за себе, постојано да ја „храните“ вашата креативност и љубопитност и најважно, секогаш да бидете задоволни со себе!


*Промоциите што се пресметуваат во кошничка нема да можат да се комбинираат, бидејќи системот дозволува корисникот да внесе само еден купон код.

ПР објава


Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: