Фаталните ќерки на српските спортисти: Сите се брутално згодни, а за најубавата се знае најмалку

Фаталните ќерки на српските спортисти: Сите се брутално згодни, а за најубавата се знае најмалку

Објавена во: Мода // Moj стил

Ќерките на познатите спортисти се вистински убавици и имаат илјадници следбеници на социјалните мрежи...

Јасно е дека во една рака животот на децата на познатите спортисти не е едноставен, но сигурно е дека има и многу бенефиции.

Лошата страна е тоа што нивните животи постојано се под будното око на јавноста, и дека секој нивен чекор се следи, но и дека милиони следбеници на социјалните мрежи ги коментираат, осудуваат или поддржуваат.

Во фокусот на интерес се атрактивните ќерки на српските спортисти кои редовно соборуваат рекорди на популарност, а ние ви ги издоивме најатрактивните.

# Драгана Џајиќ, ќерка на Драган Џајиќ

Манекенката и дизајнерка Драгана е во хармоничен брак со братот на поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ, Милош, со кој го добија синот Вид, а постарата наследничка на семејстовто Џајиќ, Сања, има два сина Лука и Огњен.

# Олга Даниловиќ, ќерка на Предраг Даниловиќ

Младата српска тенисерка често е во центарот на вниманието поради своите спортски успеси, но и поради својата убавина. Беше во врска со познатиот ас Богдан Богдановиќ, но нивната врска не успеа поради големата оддалеченост и обврските кои ги имаа двајцата.

# Петра Дивац, ќерка на Влада Дивац

Посвоената ќерка на Ана и Влада, неодамна се најде во центарот на вниманието, откако доби непристојна порака од пријателот на нејзиниот татко.

# Ања Стојковиќ, ќерка на Драган Стојковиќ Пикси

Таа важеше за една од најатрактивните наследнички на фудбалерот, а веќе е мајка на 3 деца. 

# Јована Стевановиќ, ќерка на Горан Стевановиќ

Преубавата Јована беше дел од одбојкарската репрезентација која освои сребро на Олимписките игри во Рио и злато во Јапонија, но веќе подолго време ја нема во репрезентацијата. Важи за една од најубавите одбојкарки.

# Тијана Милојевиќ, ќерка на Ѕвонко Милојевиќ

Ќерката на легендата на „Ѕвезда“, тргна по стапките на татко ѝ, па така и таа го носи црвено-белиот дрес.

# Исидора Милошевиќ, ќерка на Сава Милошевиќ

Ќерката на Милошевиќ, Исидора, плени со својот изглед, прилично е активна на социјалните мрежи и нејзините објави ги следат голем број луѓе.

# Светлана Крстајиќ, ќерка на Младен Крстајиќ

Често споделува фотки од идиличниот живот, а убавината ја има наследен од мајка ѝ, на која неверојатно потсетува.

# Викторија и Вирџинија Михајловиќ, ќерки на Синиша Михајловиќ

Изгледа дека ги наследиле гените на мајка им, која во младоста често позираше пред објективите, а беше и телевизиско лице. Вирџинија неодамна се оствари во улогата на мајка, а нејзин сопруг е фудбалерот Алесандро Вољако.

Сестрите Михајловиќ заедно се прославија во едно реално шоу во Италија.



фото: Принтскрин / Инстаграм

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: