Фејбук доби нова опција за видео: Покрај тоа што е навистина корисна, овој пат изгледа и добро
Новиот додаток најмногу ќе ги израдува оние кои често ги гледаат „видео приказните“, кои ги споделуваат нивните пријатели...
Бројните унапредувања, новите опции и функции кои социјалните мрежи секојдневно ги „објавуваат“ за своите апликации и десктоп верзии, не претставуваат некои нови иновации, туку тоа често се само помали подобрувања на одредени функции.
Меѓутоа, изгледа дека Фејсбук сега носи нешто што навистина претставува важно унапредувања, особено доколку сте од оние кои сакаат да ги гледаат „сторињата“ на Фејсбук.
А оние кои често ги гледаат „видео приказните“ кои нивните пријатели ги поставуваат, често се соочуваат со тоа што на некое јавно место не може да ги следат без слушалки, што наскоро би можело да се промени.
Како што пренесува сајтот „Make Use Of“, најпопуларната социјална мрежа на светот планира да ја воведе опцијата на автоматски превод за „сторињата“ на Фејсбук.
Фејсбук ова сѐ уште не го потврди официјално, туку своите сознанија за ова на Твитер ги објави инсајдерот Александро Палуци.
#Facebook is working on an auto captioning feature for Stories to improve #accessibility pic.twitter.com/mDpv2fLNcA
— Alessandro Paluzzi (@alex193a) March 29, 2021
Иако сѐ уште се наоѓа во рана фаза на развој, новата опција изгледа прилично иновативно. Освен што преводот ќе биде модерно дизајниран, корисниците ќе може и да го поместуваат низ екранот и да го постават на било која позиција за полесно да може да го гледаат видеото.
фото: Shutterstock