Фејсбук и Твитер имаат нова грижа: Snapchat расте побрзо од двете апликации
Snapchat го зголеми бројот на корисници за 18 проценти во однос на претходната година кога имаше 332 милиони корисници...
Snapchat ги објави своите резултати за првиот квартал на 2022 година и го потврди својот раст и доминација во однос на Фејсбук и Твитер. Додека Мета за првпат пријави загуба на дневно активните корисници во минатиот квартал, Твитер пријави зголем број на корисници на меѓународно ниво за 15 проценти.
Од друга страна Snapchat го зголемил бројот на корисници за 18 проценти во однос на минатата година кога имал 332 милиони корисници.
Од оваа апликација се сепак загрижени за приходот, иако истиот е зголемен за 38 пронценти во однос на минатата година, кога изнесува 1.06 милијарди долари.
Компанијата објави дека е достигнат раст од 44 проценти, но дека многу огласувачи ги паузирале своите кампањи откако Русија ја нападнала Украина. Следствено на новата ситуација, ги намалија очекувањата за следната година.
Во секој случај оваа социјална мрежа се покажа како доминантна во претходниот период. Тоа е нешто што сигурно не му допаѓа на Фејсбук, кој полека паѓа.