Фејсбук планира голем редизајн за да се натпреварува со ТикТок: Еве што се знае досега

Фејсбук планира голем редизајн за да се натпреварува со ТикТок: Еве што се знае досега

Марк Цукерберг и раководството на компанијата Мета јасно дадоа до знаење дека натпреварувањето со ТикТок им е приоритет, а сега се познати и повеќе детали за тоа како планираат да го изведат тоа.

Фејсбук работи на голем редизајн на главниот „фид“, кој значајно би се истакнале препорачаните содржини, креаторите и луѓето кои корисникот не ги следи.

Според зборовите на првиот човек задолжен за Фејсбук апликацијата во Мета, Том Алисон, целта е префрлање од Фејсбук на „Discovery Engine“, кој во голема мера би се потпирал на препораките, нешто слична на „фидот“ „For you“, кој го има ТикТок.

Препораките воглавно би доаѓале од „неповрзаните“ содржини, вклучувајќи ги „Reels“, а корисниците би гледале помалку објави од пријателите и членовите на семејството на своите почетни стрнаици. Планот подразбира и враќање на инбокс Месенџер во апликацијата Фејсбук, за корисниците да се охрабрат да споделуваат повеќе содржини од наведениот „Discovery Engine“.

Колку време ќе ѝ биде потребно на компанијата Мета за да ги имплементира овие промени, засега не е познато. Меѓутоа, некои слични промени веќе се случуваат на Инстаграм.

Ова не е првпат претставниците на Мета да навестуваат големи промени во апликацијата Фејсбук, ниту пак ова е првпат да слушнеме за „Discovery Engine“.

Цукерберг во април кажа дека компанијата сега е среде „големи промени“ кои ќе ја променат динамиката на почетната страница, со цел истакнување на содржините кои ќе бидат одредувани со вештачка интелигенција во склоп на интересите на корисниците.

Како ќе изгледа сето тоа, останува да видиме.

фото: unsplash.com

Можеби ќе ве интересира: