Фејсбук подготвува свој „Clubhouse“: Пристигнуваат нови „аудио прозиводи“
Социјалната мрежа Фејсбук објави дека нејзините корисници, во месеците кои се пред нас, ќе може да слушаат подкасти директно на Фејсбук апликацијата.
Оваа нова можност Фејсбук ја воведува во време кога пазарот на различно аудио формати експлодираше за време на пандемијата, од бројните разновидни подкасти до платформата „Clubhouse“.
Генералниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг изјави дека таа компанија планира да лансира неколку аудио прозиводи и алатки за пребарување и репродукција на поткасти.
Фејсбук исто така ќе додаде алатки за креирање на аудио содржини, кратки звучни формати и пред сѐ „соби за разговори во живо“ (Live audio rooms), инспирирани од успехот на „Clubhouse“, апликација преку која корисниците слушаат и учествуваат во разговор без слика.
Брзото ширење на апликацијата „Clubhouse“, стара само една година, покажа голем потенцијал за аудио разговори, особено додека луѓето седеа дома за време на пандемијата на коронавирус.