Fiction: Сакаме да живееме ОД и ЗА музиката!
Петар, Виктор и
Филип се дел од скопскиот рок - бенд Fiction. Тие за Hashtag.mk откриваат
која е приказната за ова трио, каде настапуваат, кои се нивните следни планови и каде се
гледаат за 10 години...
# Кои се Fiction?
Fiction се Петар Ѓуревски (вокал, перкусии), Виктор Захариев (гитара, придружни вокали) и Филип Андонов (гитара, придружни вокали). Петар и Филип се студенти на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, а Виктор е студент на Електротехничкиот факултет. Освен што свириме, држиме и часови по гитара, пеење, солфеж итн.
# Која е приказната на Fiction? -
Приказната на Fiction почнува во јуни 2016 година, кога по иницијатива на Виктор се закажува првата проба на триото. Претходно Виктор и Петар свират во други бендови и како дуо, па со додавањето на Филип се формира Fiction.
# Зошто Fiction?
Искрено, имавме повеќе идеи за имиња меѓу кои и Fiction, па бидејќи ни беше најзвучно го избравме баш тоа.
# Каде сте настапувале до сега?
Имаме настапувано речиси во сите локали низ Скопје, како и неколку надвор од главниот град. Од поголемите настапи би ги издвоиле Бруцошката забава на Феит 2017, Македонска Филхармонија, Рокфест 2018.
# Каде настапувате во моментов?
Во моментов се држиме до акустичните свирки низ пабовите и кафичите во Скопје. А многу наскоро ќе настапуваме на еден голем фестивал, но не смееме да откриеме повеќе детали околу тоа.
# Каде се гледате за 10 години?
Пресреќни би биле доколку го оствариме нашиот сон да снимаме албуми, да правиме турнеи и да живееме ОД и ЗА музиката.
# Кој бендови влијаат на вашиот музички стил?
Врз нашиот стил влијаат премногу артисти од најразлични музички жанрови, бидејќи колку и да сме слични сепак тројцата имаме различен вкус. Ако веќе треба да набројуваме тоа би биле: Depeche Mode, Muse, Red Hot Chili Peppers, Bruno Mars, Bob Marley,Arctic Monkeys, Oasis и т.н.
# Фестивал на кој би сакале да настапиме е:
Фолк фест Валандово (хаха)
# Сакаме да бидеме предгрупа на:
-Сакаме нас да ни бидат предгрупа Rolling Stones :P
# Кои се вашите следни планови?
-Активно продолжуваме со свирки, а во меѓувреме интензивно подготвуваме авторски материјал како на македонски така и на англиски јазик. Се надеваме дека наскоро ќе влеземе во студио и наредна година ќе го извадиме и првиот албум.