Филигранска пеперутка и статуетка: Од Тијана има „Јао“
"Monsters" е авторско дело на Роберт Билбилов, Дарко Димитров и Лазар Цветковски, со текст на Коста Петров.
"Пресреќна сум. Оваа награда ја посветувам на моето семејство и на Македонија", изјави Тамара при земањето на наградата која и беше врачена од овогодинешната претставничка на Евровизија за Албанија.
Во моментов Тамара го привршува нејзиниот трет студиски албум а до крајот на годината ќе биде промовиран и видео записот за "Monsters".
Навистина огромна чест е да се присуствува на овој престижен албански музички фестивал. Презадоволна сум од пречекот и целокупната организација на фестивалот. За време на посетата имав прилика да се сретнам и со Градоначалникот на Тирана, на кој му подарив филигранска пеперутка. Сега на ред е снимањето на видео записот за "Monsters“.