Филмот „Барби“ забранет во уште една земја: Причината е „ пропагирање хомосексуалност и други западни отстапувања“

Филмот „Барби“ забранет во уште една земја: Причината е „ пропагирање хомосексуалност и други западни отстапувања“

Објавена во: Stars // Филм


Алжирското Министерство за култура ја следи содржината на филмовите што се прикажуваат во кината и затоа има „слободна рака“ да го забрани нивното прикажување.

Овој пат го забрани филмот „Барби“, кој се прикажуваше во некои кина во земјата неколку недели, објави во понеделникот официјален извор и локалниот весник 24H Algerie.


Официјален извор рече дека филмот „пропагира хомосексуалност и други западни отстапувања“ и „не е во согласност со верските и културните верувања на Алжир“.

Инаку, филмот надмина 1 милијарда долари во продажба на билети ширум светот од неговата премиера на 21 јули.

Либан и Кувајт исто така го забранија емитувањето филмот.

Фото:youtube/screenshot

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: