Филмови кои даваат лоши совети: Овие 10 испраќаат погрешни пораки на гледачите

Филмови кои даваат лоши совети: Овие 10 испраќаат погрешни пораки на гледачите

Објавена во: Stars // Филм

Немој ликовите од филмовите и начините на кои тие одат низ животот некогаш да ги зимаш како пример што да направиш кога ќе ти треба совет...

Не очекуваме филмовите кои ги гледаме да бидат реално, бидјеќи тогаш нема да ни бидат толку интересни, но ако гледаш некој од овие, имај на ум дека се особено нереални. Барем кога е во прашање пораката која ја испраќаат. Однесувањата кои ги презентираат како нормални, всушност воопшто не се нормални, а иако ги прават дури и романтични и симпатични - не се и не би требало да се обидуваш да ги практикуваш. Овие филмови имаат лошо влијание и се на дното кога е моралот во прашање. Но, тоа не знчаи дека како филмови се лошо. Доколку ги сакаш, продолжи да ги гледаш, но немој пораките кои ги испраќаат да ги сфаќаш сериозно и како корисни совети. 

# The Twilight Saga

Освен што филмот испраќа порака дека е важно да бидете во врска и да се гледате некого, бидејќи штом Едвард си замина, Бела се заинтересира за друго потенцијално момче, поголем проблем е нејзината врска со Едвард. Тоа е апсолутно совршен приказ на токсична врска. Не е романтична и врска што би сакале да ја имате, туку е врска во која никој не треба да биде. Од емоционалните манипулации и од страната на Бела и од Едвард, преку следењето до болна љубомора, ова во никој случај не е здрава врска.

# Sierra Burgess Is a Loser

Во ред е да ги мамиш луѓето, да се преправаш дека си некој што не си за да освоиш момче. Оправдано е ако тоа е единствениот начин да се дојде до личноста што ви се допаѓа, бидејќи на крајот тој магично ќе се заљуби во вас, иако претходно не ве сакал. Се надеваме дека разбирате дека ова не е во ред и дека такви работи не се случуваат. Ако ви се случува да мамите некого, веројатно е дека таа личност нема туку така да помине преку тоа.

# Grease

Почнуваш да излегуваш со момче од училиште кое е тотален идиот и чии пријатели се однесуваат ужасно кон тебе, и што правите вие? Па, да, апсолутно се заљубуваш во него, и без разлика колку ужасно се однесува со тебе, секогаш се враќаш кај него повторно и повторно. Ех, Сенди. Не биди како неа. Иако ова е легендарен филм, лекцијата од него е хорор. Не трчај по момче кое се однесува лошо кон тебе, туку бегај од него.

# Fifty Shades of Grey

Овој филм е погрешен на толку многу нивоа што дури и не знаеме од каде да започнеме или која е најлошата порака што ја испраќа. Ако има филм што има лошо влијание на сите можни начини, еве го. Буквално секоја сцена, секоја ситуација е лоша. А сепак, главната порака што ја испраќа е дека ако сте убави и имате пари, сè ви е дозволено и можете да се однесувате како сакате, секој ќе ви дозволи сè и тоа е во ред. Затоа што сепак си убав и богат. Лошото однесување на Кристијан кон Ана е уште полошо од врската на Бел и Едвард.

# The Notebook

Уште еден романтичен филм кој ја прикажува љубовта и врската на проблематичен начин. Филмот вели: ако една девојка ви каже НЕ, продолжете да ја следите и притискајте ја да оди на состанок со вас, во одреден момент таа ќе мора да попушти, НЕ всушност значи ДА. Погрешно! НЕ значи НЕ и ако некој ве отфрли, тогаш оставете ја таа личност на мира.

# Jackass

Овој филм не треба да се сфаќа сериозно и да се обидувате да ги рекреирате ситуациите што ги направија и луѓето во него. Но, сепак, кога излезе, луѓето масовно завршија во болниците затоа што го правеа токму тоа - глупостите што ги видоа во филмот.

# Disturbia

Уште еден филм кој се обиде да го прикаже демнењето како нешто во ред. Следењето на девојката во нејзината соба преку двоглед е во ред, таа нема да се налути, всушност, на крајот ќе ѝ биде убаво. Ниту едно демнење на луѓе не е во ред, особено луѓе што не ги познавате и уште во приватноста на нивната соба. Замислете некој да ви го прави тоа. Сигурно не би помислиле дека е слатко.

# The Intern

Лошата лекција што ја дава овој филм е дека е сосема во ред ако едно момче ве изневерува затоа што се чувствувал загрозен поради вашиот успех. И не само што тоа е во ред, туку всушност вие сте виновни и треба да му простите. Филмот е доста симпатичен, но оваа порака што можете да ја прочитате е лоша.

# Sex and the City

Кери и нејзината врска со Ѕверката е уште еден пример за лоша љубовна врска која Холивуд ја направи романтична, иако не би требало да биде. Чекате години и години за момчето да се промени и да престане да биде токсично, за конечно да одлучи дека сте му важни ... НЕ. Погрешна порака. Не остануваме врзани за лошите врски со надеж дека личноста ќе се промени, туку се оддалечуваме од таа личност и наоѓаме некој што ќе се однесува со почит кон нас.

# Justice League

Последни на листата се супер хероите. Ова е уште еден филм што си поигра одлично со лекцијата. Накратко, што порачува? Дека друштвто не е ништо без нивниот најдобар или најсилен член. Треба да биде дека сите во тимот се подеднакво важни и придонесуваат за тоа на некој начин и дека ако еден член си замине, не пропаѓа сè.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: