Филмови за кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани од вистински приказни

Филмови за кои сигурно не сте знаеле дека се инспирирани од вистински приказни

Објавена во: Stars // Филм

Сигурно ги знаеш сите овие филмови и голем број од нив ги имаш изгледано веќе...

Овие филмови не се целосно направени по вистински приказни, но вистински настани биле инспирација за нивно создавање. Сите овие ситуации се случиле во реалноста, а потоа на некој му паднале во уво и тој некој одлучил да ги претвори во филмови.

Кога ќе слушнеме дека филмот е создаден по вистинска приказна, обично станува збор за некоја драма која нема да биде за секој и која на голем број луѓе ќе им биде здодевна. Но, овие филмови не се такви. Тие не се целосно создадени по вистински приказни, не ја следат реалноста до најмал детаљ, но приказните кои навистина им се случиле на некои луѓе биле инспирација. Некои од овие филмови сигурно ги знаеш, а другите ќе бидат идеални за да ги погледнеш. Ги има во сите жанрови, од хорори, за некои не сме знаеле дека се по вистински настани, до романтични филмови на кои ни засолзуваат очите, а сега уште повеќе, бидејќи знаеме дека тоа му се случило на некој друг. За кои филмови станува збор, погледнете во продолжение:

# Psycho

Ова е еден од оние филмови за кои навистина би ни било драго доколку не настанал по вистински настан. Серискиот убиец од Висконсин, Ед Гејн, бил инспирација за главниот лик, Норман Бејтс во овој филм. Сценаристите сакале него и неговиот карактер да го пресликаат во главниот лик во овој филм, а тоа им успеало.


# The Notebook

Една од најпознатите љубовни приказни на сите времиња навистина му се случила на некој. Забранетата љубов помеѓу Ноа и Али не е само измислена приказна. Авторот на истоимената книга, по која подоцна е снимен и филмот, Николас Спаркс, за оваа приказна се инспирирал од вистинскиот живот. Станува збор за романсата која се случила помеѓу бабата и дедото на неговата сопруга.


# 50 First Dates

Уште една љубовна приказна која лесно расплакува е исто така нешто што навистина се случило. Сите знаеме како оди сценариото: маж се вљубува во жена која секој ден го губи помнењето: Тоа навистина ѝ се случило на жена по името Мишел Филпотс, која имала две сериозни повреди на главата, една во 1985, а друга во 1990 година. Како и во филмот, и на неа ѝ се губело помнењето секој пат кога ќе си легнела да спие. И така нејзиниот сопруг секое утро ја потсетувал на нив и нивниот брак, како и на несреќата која ѝ се случила. Секој ден од почеток.


# Good Will Hunting

Мет Дејмон и Бен Афлек добија Оскари за овој филм, но она што многумина не го знаат е дека ова навистина му се случило на братот на Дејмон. Не било исто како во филмот, но во целата приказна е вмешана математиката и задачите. Кајл во посета на кампусот М.И.Т., во ходникот наишол на табла со равенки. Тој одлучил да реши една равенка (со потполно погрешни броеви) и тоа стоело така со месеци. Јасно е дека заплетот не е ист, но приказната за братот на Мет била инспирација за сценариото.


# The Shining

Со години и години, многу луѓе пријавувале паранормални активности што наводно се случувале во хотелот Стенли во паркот Естес, Колорадо. И така, во 1974 година, Стивен Кинг и неговата сопруга абита, решиле да видат за што станува збор и ја изнајмиле собата со број 217. Која се вратиле, Кинг признал дека слушал чудни звуци и имал кошмари, кои инаку никогаш ги немал, и добил идеја за книгата, која подоцна е претворена и во филм.


# Jaws

Иако Стивен Спилберг додаде многу драма на овој филм, приказната не е измислена. Се разбира, не звучи сосема нереално дека ајкулите напаѓале луѓе, но оваа приказна е базирана на весите од 1916 година, кога се случиле низа напади од ајкули во Америка. Четири лица ги загубиле животите, а тоа резултирало со многу луѓе кои се пуштиле во лов на ајкули со цел да го заштитат градот и капачите.


# Chicago

Уште еден филмски хит за кој малку луѓе знаат дека како инспирација имал вистински настан. Ова е приказна која ѝ се случила на жена по име Беула Анан и која била осомничена за убиства.


The Terminal

Уште еден филм кој е повеќе на драматичната страна, но во никој случај не е здодевна приказната за човекот кој заглавил на аеродром. Тој не можел да замине во САД, затоа што немал дозвола, но не можел ни да се врати дома поради воен удар. Ова е приказна за бегалец од Иран по име Мехран Карими Насери. Скоро две децении живеел на терминалот на аеродромот Шарл де Гол во Париз.


# The Vow

Уште една љубовна приказна во која се вмешани губење на помнењето и уште љубовна приказна која е вистинска. Ова ситуација им се случила на Ким и Крикиту Карпентер. Признале дека филмот сѐ прикажал подраматично, отколку што бил, дека тоа е нивната приказна.


# River's Edge

Сценариото на овој филм звучи како да потекнува од умот на некој голем криминалистички романсиер, но всушност е инспирирано од вистински настан. Во 1981 година е објавена веста за убиството на 14 - годишната девојка Марси, која била нападната и убиена од 16 - годишниот Ентони Џекс Броусард. Според официјалното сведоштво, тој им кажал на неговите пријатели што се случило и им го покажал телото. Што е најлудиот дел од сето ова? Никој од нив не повикал полиција и не рекол ништо со денови.


Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: