Филмските критичари одбраа филм на годината: Според нив, ова е најдобриот филм кој излезе во 2022 година (ВИДЕО)

Филмските критичари одбраа филм на годината: Според нив, ова е најдобриот филм кој излезе во 2022 година (ВИДЕО)

Објавена во: Stars // Филм

Дали веќе го имаш изгледано?

Да се одбере најдобриот филм секогаш е малку ризично. Нема шанси сите да бидат задоволни со изборот, бидејќи кој филм и да се избере, секогаш ќе се јави некој кој ќе каже дека тој филм му бил здодевен.

Во кината оваа година можевме да гледаме многу филмски остварувања! Многу од филмовите станаа популарни и постигнаа големи успеси во гледаноста, но и убава заработка. Публиката според тоа го одбира својот фаворит. Исто така, филм на годината сега одбраа и филмските критичари. Се поклопи како филм на годината да се одбере токму оној кој оваа година беше и најголем хит, односно кој оствари најголема заработка.

Можеби веќе и можеш да погодиш за кој филм станува збор! Тоа е „Top Gun: Maverick“. 36 години по првиот дел, оваа година пристигна и вториот. Изгледа дека тоа беше паметен потег и Том Круз уште еднаш ги освои гледачите на Маверик. Националниот одбор на филмски критичари од САД го одбра токму овој филм како филм на годината.


Филмовите за кои се двоумеле и кои исто така биле добри според нив, но сепак не успеаја да ја однесат оваа титула се: „Aftersun“, „Avatar: The Way of Water“, “Everything Everywhere All at Once“, „Glass Onion: A Knives Out Mystery“ и „The Fabelmans“. Тоа се само некои од филмовите кои им се допаднале на критичарите оваа година. Во секој случај, „Top Gun“ најмногу ги воодушеви сите!

фото: Принтскрин / Imdb

Објавена во: Stars // Филм

Можеби ќе ве интересира: