Финале на EPICA за Just Add Coca - Cola и агенцијата Њу Момент
„Само додај Coca-Cola“ кампањата на маркетинг агенцијата Њу Момент од Скопје, создадена за најпознатиот пијалак во светот, е финалист на годинешното издание на меѓународниот фестивал EPICA, во категоријата креативни решенија за безалкохолни пијалaци.
На овогодинешното натпреварување во креативност беа пријавени околу 1.200 кампањи од осумдесетина маркетинг агенции од 50 држави во светот.
Оваа кампања екреирана со алатки за вештачка интелигенција со цел да се покаже дека новите технологии не се ниту застрашувачки, ниту неинтересни, сѐ додека нивниот потенцијал е креативно искористен.
- Кампањата се базира на анализирањето дали еден збор може целосно да ги промени чувството, расположението и атмосферата и доведува до резултат дека може, ако тоа е вистинскиот збор. Тоа е основата зад наративот на кампањата „Just Add Coca-Cola“ – вели Илинка Црвенковска, креативна директорка во Њу Момент.
Наградите EPICA се сметаат за исклучително важни на глобалната адвертајзинг сцена имајќи предвид дека жирито за доделување награди е составено од уредници и искусни новинари од водечките светски публикации кои го покриваат креативниот и комуникацискиот сектор. Оваа година, жирито вклучува претставници од 290 познати медиуми како Forbes, National Geographic, Vogue и многу други.
Церемонијата на доделување награди ќе се оддржи на 12 декември.