Фотката која откри дека Блејк Лајвли го родила четвртото дете: Актерката изгледа неверојатно

Фотката која откри дека Блејк Лајвли го родила четвртото дете: Актерката изгледа неверојатно

Објавена во: Живот // Живот

Блејк Лајвли со најновата фотографија на социјалните мрежи покажа дека повеќе нема труднички стомак

Актерката Блејк Лајвли изгледа на своите фанови им кажа дека се породила со последната фотографија што ја објави на социјалните мрежи.

Блејк и Рајан се еден од најхармоничните познати парови во светот, имаат три ќерки и строго ја чуваат својата приватност, пишува „Дејли мејл“.

Токму поради тоа што приватниот живот го држат подалеку од очите на јавноста, многумина се посомневаа дека актерката го родила четвртото дете. Таа синоќа објави фотографија на која позира со сопругот и неговата мајка, а на сликата јасно се гледа дека нема труднички стомак.

На крајот од фотографијата таа напиша дека со семејството ужива во гледањето на „Супербол“ коментирајќи дека била зафатена со подготвување на многу вкусни јадења.


На сликата, Блејк носи темни тексас фармерки и црн горен дел.

Многумина се прашуваат како е можно актерката да изгледа вака добро веднаш по породувањето, а уште поголемо изненадување беше тоа што актерката носи фармерки.

Блејк има широка насмевка на фотографијата, а на обожавателите јасно сака да им покаже дека повеќе нема труднички стомак.

Сепак, сè уште нема официјално соопштение дека Блејк се породила, ниту пак се знае дали парот има син или ќерка.

Блејк и Рајан имаат три ќерки: Џејмс (7), Инес (5) и Бети (2).

Извор за „US Weekly“ изјавил дека славниот пар овојпат се надевал на момче, но секако најважно им е бебето да биде здраво, без разлика на полот. Изворот додал дека славниот пар ја обожава улогата на родители и едвај чека да го прошири своето семејство.

Извор: ona.rs

Објавена во: Живот // Живот

Можеби ќе ве интересира: