Фотки на Кајли Џенер кои со задоволство би ги избришала: На нејзиниот Инстаграм профил беа пред 11 години

Фотки на Кајли Џенер кои со задоволство би ги избришала: На нејзиниот Инстаграм профил беа пред 11 години

Објавена во: Мода // Moj стил

Во текот на годините, често го менуваше изгледот, а сѐ поради несигурностите со кои се борела...

Кајли Џенер дефинитивно е некој кој благодарение на социјалните мрежи, а особено на Инстаграм, добро профитира во животот. Сетете се само - таа стана милијардерка благодарение на сопствениот труд, работа и заедницата која ја следи на социјалните мрежи.

Од најмлада сестра која се провлекуваше низ кадрите на реалното шоу „Во чекор со Кардашијанс“, стана најбарато лице на генерацијата - Z. Во текот на годините често го менуваше изгледот, а сѐ поради несигурностите со кои се борела.

Имено, како што неодамна откри, усните почнала да ги исцртува кога момчето со кое се бакнала првпат ѝ кажало дека ги има најмалите усни на светот. Тоа ѝ ја убило самодовербата, па подоцна решила и да ги зголеми.

Сето ова го искористи една ТикТокерка, која ги пронајде првите фотографии на Кајли Џенер од Инстаграм, оние кои таа со задоволство би ги отстранила од Интернетот, секако доколку може. Некои се од 2011 година, кога имала само 13 години. Десет години подоцна - изгледа поинаку.

Во продолжение погледнете ги фотографиите, кои Кајли со задоволство би ги избришаала, но и како изгледа денес:

@delaylayy

##greenscreen @kyliejenner  recognize this it took me 25 mins to get to the beginning ##iCarlyAffirmation ##PrimeDayShowPJParty ##kyliejenner ##kuwtk

Spongebob - Dante9k

Објавена во: Мода // Moj стил

Можеби ќе ве интересира: